Њујорк: Според Бликс Ирак го уништил оружјето за масовно уништување по заливската војна

Се поверојатно е дека Ирак го уништи оружјето за масовно уништување уште по заливската војна во 1991 година, изјави шефот на тимот инспектори на Обединетите Нации за разоружување на Ирак Ханс Бликс. Тој ги критикуваше и американските аргументи за војната против Ирак, велејки дека е фасцинантно да се тврди 100 процентно дека поседувал оружје за масовно уништување а два месеци по падот на Багдад тоа да не се пронајде.