Српската полиција привела 38 лица по синоќешните нереди во центарот на Белград во текот на прославата по повод освојувањето на европската титула во ватерполо, јави Бета. Демонстрантите ја каменувале и хрватската амбасада, го симнале хрватското и го ставиле српското знаме. Нереди и демолирање имало и во Нови Сад. Инаку Србија и Црна Гора синоќа во европското финале во Крањ – Словенија ја победија Хрватска со 9 спрема 8 по што започнаа инциденти предизвикани од хрватските навивачи.