Пном Пен: Средба на шефовите на дипломатиите на земјите од Југоисточна Азија

Шефовите на дипломатиите на земјите од Југоисточна Азија – АСЕАН денеска во Пном Пен ја започнаа годишната сесија на која ќе доминираат човековите права во Мјанмар, кризата околу нуклеарната програма на Северна Кореја и борбата против тероризмот. Дводневното заседание започна под силно полициско обезбедување по неколкуте апсења на лица осомничени дека и припаѓаат на регионалната терористичка мрежа Џама Исламија.