Блиски Исток: Разговори на израелски и палестински претставници

Претставници на израелски и на палестински безбедносни структури денеска ќе разговараат за делумно повлекување на израелските сили од палестинските територии. Според израелското радио, на средбата ќе стане збор и за мерките против исламските милитанти, одговорни за самоубиствените напади. Во меѓувреме, од денеска американскиот специјален пратеник Џон Волф е во нова дипломатска мисија на Блискиот Исток.