Хаг: Бившиот шеф за државна безбедност на Србија од денеска во Хаг

Бившиот шеф на ресорот за државна безбедност на Србија, Јовица Станишиќ, од денеска е во Хаг, каде што ќе му се суди за воени злосторства во Босна и во Хрватска од 1991 до 1995-та година. Станишиќ беше уапсен во полициската акција по убиството на премиерот Зоран Ѓинѓиќ.