Техеран: Студентски демонстрации

Иранската полиција со пендреци и гумени куршуми ги растури демонстрациите на неколку илјади студенти од Универзитетот во Техеран, кои протестираа против плановите на владата за приватизација на некои универзитети. Неколкумина демонстранти се уапсени.