Вашингтон: САД ќе ги откријат одговорните за нападите во Ријад

Американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека Соединетите Држави ќе ги откријат одговорните за самобиствените напади во Ријад. Тој додаде дека не би бил изненаден ако зад нападите стои Ал Каида, но прецизира дека засега тоа неможе да го каже со сигурност. Стејт Департментот предупреди на потенцијални нови терористички напади во Саудиска Арабија.