Вроцлав: Средба на лидерите на Полска, Франција и Германија

Лидерите на Франција, Германија и Полска денеска ќе се состанат во Вроцлав на разговори претежно во врска со Ирак. Односите меѓу овој таканаречен Вајмарски триангл кој тесно соработуваше во врска со подготовките на Полска за влез во Европската Унија, се влошија откако Варшава ја подржа и учествуваше во американската операција во Ирак, а сега ќе има и голема улога во мировната мисија и обновата на земјата.