Пентагон: Војната во Ирак чинеше 20 милијарди долари

Војната во Ирак чинеше најмалку дваесет милијарди долари, соопшти Пентагон, додавајќи дека во наредниве пет месеци би можело да бидат потрошени уште толку. Во оваа сума не се пресметани средствата за повоената реконструкција на Ирак. Како што се наведува, ќе бидат потребни и дополнителни седум милијарди долари за враќање на дел од американските војници кои сега се во Заливот. Според податоците на Пентагон, во ирачката војна загинаа 125 американски војници, а тројца се водат како исчезнати.