Вашингтон: Жалење за тријцата загинати новинари

Американскиот секретаријат за одбрана изрази жалење поради смртта на тројца новинари кои известуваа за војната во Ирак. Новинарите на Ројтер, Ал Џезира И шпанската Телесинцо загинаа вчера, откако беше отворен тенковски оган врз еден багдадски хотел во кој се наоѓале новинари. Комитетот за заштита на новинарите со седиште во Њујорк побара од американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд да започне истрага за овој случај. Амнести Интернешнел исто така повика да биде извршена независна истрага.