Басра: Најдено телото на хемичарот Али

Британски воени извори соопштија дека во Басра го нашле телото на ирачкиот воен командант, познат како хемичарот Али, кој го наредил хемискиот напад врз курдите во 1988 година, кога загинаа неколку илјади луѓе. Британското министерство за одбрана не ја потврди оваа информација.