Вашингтон: Уапсени две нобеловки на мировните протести

Две добитнички на Нобеловата награда биле уапсени со уште шеесетина други учесници на антивоените демонстрации пред Белата Куќа во Вашингтон. Тие претходно ги прескочиле полициските барикади. Станува збор за Мајрид Мегваер од Движењето на Северна Ирска за мир и за Џоди Вилијамс од Меѓународната кампања за забрана на мините. Во последнава недела во Соединетите Држави се уапсени на илјада и петстотини лица за нереди во демонстрациите против војната во Ирак.