Париз: Одбиено барањето на САД за протерување ирачки дипломати

Франција и Русија денеска го одбија американското барање за протерување на ирачки дипломати и затворање на ирачките амбасади. Според француското министерство американското барање навлегува во суверенитетот на Франција. Шефот на руската дипломатија Игор Иванов рече дека доколку такво барање е примено тоа нема легална основа. Вашингтон имено вчера ги повика владите во светот да ги прекинат врските со режимот на Садам Хусеин, да ги затворат амбасадите и да ги замрзнат сметките.