Вашингтон: САД напредуваат во добивањето поддршка за ирачката криза

Соединетите држави напредуваа во добивањето подршка за ирачката криза. Ја добивме поддршката од од уште три афрички земји, како и од некои други досега неодлучни членови на Советот за безбедност на Обединетите Нации, изјави портпаролот на Стејт департментот Ричард Баучер. Станува збор за Ангола, Камерун и Гвинеја. Според Баучер, Соединетите држави би сакале до крајот на оваа недела во Советот за безбедност, да се гласа за новата резолуција.