Вашингтон: Двајца ирачки дипломати протерани

Соединетите држави им наредија на двајца ирачки дипломати да ја напуштат земјата, соопшти ирачкиот амбасадор во Обединетите Нации Мухамед Ал Дури. Во соопштението на американскиот Стејт Департмент, по повод протерувањето, се вели ,,дека двајцата ирачки аташеа биле вмешани во активности, надвор од нивните функции, штетни за безбедноста на земјата“.