ЕУ ќе ги санкционира земјите што нелегално профитирале

Европската унија донесе одлука со која ќе бидат санкционирани земјите кој во изминатиот период профитираа од нелегалниот бизнис со шеќер. Земјите членки на оваа унија одлучија да ги укинат бенифициите за извоз на шеќер на европскиот пазар за земјите од западниот Балкан меѓу кои е и Макеоднија, поради неколкуте документирани случаи за измама при реекспортот на шеќер. Фирмите од овие земји го злоупотребиле правото домашното производство на пазарите од Европската Унија да го пласираат без царина и квоти, мерка која беше воведена како помош за заздравување на шеќерните индустрии погодени од воените конфликти. Овие фирми кои шеќерот на светскиот Пазар го купувале за 200 долари по тон, во земјите на ЕУ го продавале за трипати поскапа цена 600 долари по тон. Шемата е едноставна, шеќерот се увезува на пример од Грција, се пријавува како реекспорт, се пакува како македонски и без никакви давачки се извезува. Во овој круг се наоѓаат и неколку македонски фирми чии имиња не се соопштувааат во јавноста.


„Заради презумцијата на невиност не можам да ги откријам имињата тие се предадени на истражни органи. Претежно се работи за човек фирми значи трговци што не биле со таков бонитет. Се работи најчесто за анонимни фирми,“

вели портпаролот во министерството за економија Гоце Пачемски. Токму поради ваквите случаи министерството за економија веќе не издава дозволи за реекспорт, а со владиниот предлог за измена на член 8 од законот за надворешно трговско работење по барање на министерството за економија ќе се укине и дискреционото право на министерот за давање на дозволи од ваков вид. Веќе се укинати 23 решенија издадени за последниве две години. Злоупотребата на субвенциите предизвика и реакции кај трговците од Грција, Австрија, Италија, кои се жалат дека нивните домашни пазари на шеќер се дестабилизирани.