Токио: Пауел смета дека е време да почне акција за разоружување на Ирак

„Време е да започне акцијата за разоружување на Ирак. Доказите се јасни, тие се виновни,“ изјави американскиот државен секретар Колин Пауел, во Токио по средбата со јапонскиот премиер. Во рамки на Азиската турнеја, Пауел по средбите во Јапонија, денеска ќе отпатува за Пекинг, каде што ќе побара од кинеските лидери на гласањето во Советот за безбедност за новата резолуција за Ирак, да не стават вето.