На седумината Албанци уапсени во вчерашната акција на безбедносните сили во Бујановац, им е одреден едномесечен притвор. Во акцијата на безбедносните сили пронајдоа поголема количина оружје, муниција и воена опрема, при што беа уапсени 12 лица. Протестирајќи пред општината во Бујановац, вчера вечер повеќе стотици Албанци побараа ослободување на уапсените.