Американскиот министер за одбрана Доналд Рамсфелд, на денешната меѓународна конференција за безбедноста во светот која се одржува во Минхен, изјави дека најдобар начин за мирно решение на ирачката криза е светот да покаже дека е обединет и подготвен за воена интервенција, доколку е неопходно. На Минхенската конференција учествуваат претставници од 40 земји, а таа се случува во време кога Европа е поделена околу мислењата за ирачката криза.