Атина: Грција разгледува можност за свикување вонреден самит на ЕУ за Ирак

Грција како претседавач на Европската Унија ја разгледува можноста да свика вонреден европски самит посветен на Ирак, соопшти денеска во Брисел Европската Комисија. Портпаролот на Комисијата Џонатан Фол, додаде дека сеуште не е утврден точниот датум за одржување на вонредниот самит но, одлуката ќе се донесе по утрешното обраќање на американскиот државен секретар Колин Пауел пред Советот за безбеднос на ОН.