Грозни: Маскадов се противи на планот на Русија за референдум во Чеченија

Лидерот на чеченските сепаратисти Аслан Маскадов, го нарече ,,лажен,, планот на Москва, во март да се одржи референдум за новиот статус на Чеченија. „Референдумот претставува навреда за народот на Чеченија. Сигурен сум дека никој во Русија но, и надвор од неа, нема сериозно да ги сфати резултатите од гласањето. Чеченија никогаш повеќе нема да се најде под руска јурисдикција,“ изјави Маскадов.