Виена: ОПЕК ќе го зголеми дневното производство на нафта

Земјите на ОПЕК решија да го зголемат производството на нафта за еден ипол милиони тони барели дневно, почнувајки од први наредниот месец. Ваквата одлука е донесена поради зголемувањето на цените на нафтата на светскиот пазар, како последица на политичките немири во Венецуела, која е петти извозник на нафта. Претседателот Уго Чавез се закани дека на главните телевизиски и радио канали ќе им ги одземе дозволите за работа, обвинувајки ги дека ја подржуваат опозицијата во обидите да го собори од власта.