Загреб: Тестирање на сите војници и ученици за користење на дрога

Хрватската влада, во рамките на националната програма за борба против дрогата, донесе одлука за тестирање на сите војници и ученици во средните и високите училишта, за да се утврди колку од нив користат дроги. Тестирањата ќе се вршат два пати годишно, а кај оние што ќе се утврди употреба на дроги, ќе бидат применети посебни мерки, учениците ќе бидат упатени на специјални рехабилитациони програми, а професионалните војници отпуштени.