Пекинг: Средба на Шредер со кинескиот претседател

Германскиот канцелар Герхард Шредер денеска во Пекинг се сретна со кинескиот претседател Џијанг Цемин и со неговиот наследник на челото на комунистичката партија Ху Џинтао. Разговорите биле фокусирани врз билатералните трговски односи, Ирак и Северна Кореа.