Ротердам: САД имале план за напад на Северна Кореа

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон на форум во Ротердам изјави дека САД имале план за напад на нуклеарните постројки на Северна Кореа во 90-тите години. Клинтон рече дека нуклеарната програма на Северна Кореа мора да запре и предупреди на опасноста оваа земја да продава оружје на оној што ќе понуди највисока цена.