Вашингтон: Стотина терористички напади спречени по 11-ти септември

Федералното биро за истрага соопшти дека околу стотина планирани терористички напади биле спречени од 11 септември минатата година. Портпаролот на ФБИ, Бил Картер соопшти дека повеќето цели биле во Соединетите држави. Картер изјави дека нападите се спречени со заеднички напори на Америка и на разузнавачките служби на сојузниците.