Шанса за завршување на домашната задача

Помалите цели се повеќе стануваат мета на меѓународниот тероризам, е ставот на професорот по меѓународно право Љубомир Фрчковски коментирајќи го последниот терористички напад врз почесниот конзулат на Република Македонија во пакистанскиот град Карачи .

„Вообичаено е да се каже, а тоа го покажуваат и анализите, дека тероризмот полека се преселува кон тнр. меки цели. Освен директните воено-политички цели, сега доаѓаат на удар и разни амбасади, конзулати, хотели – едноставно центри каде што се собираат цивили. И тоа без идеологирање на современиот тероризам и порребата од многу жртви како заедничка цел.“

Министертвото за надворешни работи на Македонија од пакистанските власти вчера побара да се спроведе целосна истрага за инцидентот и да ги преземат сите мерки за заштита на личната безбедност на почесниот Конзул на Македонија во Карачи. Но, професорот Фрчковски вели битно е Македонија некои работи сама да ги заврши:

„Добро е што бараме истрага за целиот случај и откривање на улиците во Пакистан, потребно е ние да ја завршиме нашата истрага за очигледно ладнокрвното убиство на економските емигранти на Пакистан, направено овде од нашата полиција. Ако тоа не го направиме, ние немаме образ да бараме истраги кои може да ги бараме. Но, без морален капацитет ги бараме, бидејќи ние нашата истрага околу ладнокрвното убиство и одговорноста за него не сме ја направиле. И мислам дека ние треба да направи една домашна работа.“

Според фрчковски не мора да значи дека се работи за одмазнички чин но и таа можност тој не ја исклучува.