Москва: Средба на шефовите на дипломатиите на Русија и Авганистан

Авганистанскиот министер за надворешни работи, Абдула Абдула денеска во Москва ќе се сретне со неговиот руски колега, министерот Игор Иванов. Министрите ќе разговараат за политичката ситуација во Авганистан, безбедноста на границите и улогата на соседните земји во реконструкцијата на Авганистан.