Косовска Митровица: Посета на Кофи Анан

Генералниот секретар на ОН Кофи Анан, кој изутрината ја посети Косовска Митровица изјави дека целта на меѓународната заедница на Косово е да воспостави владеење на правото и човековите права. Анан попладнето ќе го посети Белград каде што меѓу другото ќе се сретне и со главниот обвинител на Хашкиот трибунал Карла дел Понте.