Вашингтон: Одобрено формирањето на министерство за домашна безбедност

Американскиот конгрес го одобри формирањето на Минситерство за домашна безбедност. Конечна одлука за овој предлог на американскиот преседател Џорџ Буш што произлезе по нападите врз САД на 11-ти септември треба да биде донесена наредната недла во Сенатот. Доколку предлогот биде усвоен тоа ќе претставува најголема владина реорганизација по пловина век со вметнување на сите постоечки 22 федерални агенции во новото министерство.