Експлозија пред Собранието рано утрово

Денешната собраниска седница на која пратенците треба да гласаат за Избор на новата влада се одржува во сенка на настанот кој се случи изутринава околу 5 часоти 30 минути во непосредна близина на зградата на Собранието.

„На улицата Даме Груев, пред источниот влез во Собранието на Република во Македонија, од страна на непознат сторител фрлена е ра~на бомба кашикара, која паднала на средина на коловозот и експлодирала. Од настанатата експлозија причинети се оштетувања на десетина патнички моторни возила, а оштетена е и фасадата од зградата на Собранието и други околни објекти.“

изјави порпаролот на МВР Воислав Зафировски кој за информациите дека денеска пред собранието ќе протестираат припадниците на Едницата за Брза Интервенција Лавови вели:

„Јас таква информација немам.“

Ова е обид да се влијае на одржувањето на денената седнца но во тоа нема да успеат велат во СДСМ:

„Ние мораме да бидеме свесни дека ова е последица на хаосот и вакуумот што владее. Во Македонија после новите парламентарни избори предлого трае процесот на примопредавање на власта и одредени структури се уште не можат да се помират и сакаат да влеат додатна дестабилизација и да ја загрозат безбедноста во Македонија.“

изјави потпаролот Јани Макрадули.

Станува збор за сили на кој им се изброени часовите, а чија цел е да го одложат процесот за избор на новата влада смета потпретседателот на ДУИ Агрон Буџаку

„Вакуумот и овие случаи на бомби не тераат на некој начин да го забрзаме формирањето на владата, па во Македонија да почне владеењето на правната држава и враќањето на безбедноста.“

И во најголемата опозициона партија ВМРО ДПМНЕ најостро го осудуваат овој инцидент:

„Најостро го осудуваме овој инцидент на фрлање на бомба врз Собранието на Република Македонија, а она што треба да следи секако е една ефикасна полициска истрага во која ќе се утврдат сторителите на ова кривично дело, а исто така и на мотивите коишто евентуално стојат зад ова. Мислам дека македонската демократија досега повеќе пати покажала дека е отпорна на ваков вид инциденти, така што мислам дека собраниската работа треба да продолжи нормално.“

изјави попртпаролот на оваа партија Владимир Ѓорчев.