Вашингтон: САД ќе предложат компромисна резолуција за Ирак

Соединетите Држави соопштија дека наскоро во Обединетите Нации ќе предложат нова компромисна резолуција за Ирак. Меѓутоа, државниот секретар Колин Пауел изјави дека Вашингтон го задржува правото на употреба на сила против Ирак во самоодбрана и во случај на недејствување на Обединетите Нации.