Грција: Локални избори

Во Грција денеска се одржуваат избори за локалните органи на власта. Околу девет милиони и осумстотини илјади граѓани со право на глас се определуваат меѓу скоро 136 илјади кандидати за претседатели на деветстотини општини, месни заедници и окрузи. Според последните анкети, владејачката ПАСОК би требало да освои неколку проценти помалку од опозиционата Нова демократија.