Кувајт: Американски војник убиен

Кувајтското министерство за внатрешни работи го оцени како терористички акт вчерашниот напад кога еден американски војник беше убиен, а еден ранет од страна на двајца напаѓачи во Кувајт. Напаѓачите биле убиени,а кувајтските власти привеле 30-тина лица во рамките на истрагата за инцидентот.