Скопје: Никола Поповски нов претседател на собранието

Никола Поповски од СДСМ е избран за претседател на собранието на Република Македонија. За неговиот избор гласаа 72 пратеника, 20 беа против, а останатите се воздржаа од гласање. Против изборот на Поповски гласаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ЛП. Потпретседателите на собранието денеска не беа избрани и тоа веројатно ќе се случи на следната седница на парламентот.