Вашингтон: Демонстрации пред резиденцијата на Чејни против воена интервенција во Ирак

Неколку илјади луѓе демонстрираа пред резиденцијата на американскиот потпретседател Дик Чејни во Вашингтон против можната воена интервенција во Ирак. Демонстрации се одржуваа и за време на состанокот на Светската Банка и Меѓународниот монетарен фонд, при што полицијата уапси 650 луѓе, меѓу нив и четворица кај кои биле пронајдени експлозивни направи.