Тел Авив: Израел реши да ги повлече своите сили од седиштето на Арафат

Израел денеска реши да ги повлече своите сили од седиштето на палестинскиот лидер Јасер Арафат каде што има околу 200 Палестинци, но опсадата ќе продолжи со дислоцирање на војниците на помала оддалеченост. Изрелското воено радио јави дека Израел бара Палестинците кои се осомничени за тероризам да се предадат додека другите можат да го напуштаа седиштето во Рамалах.