Русија: Осум руски војници и 30 чеченски бунтовници загинаа при престрелка

Осум руски војници и 30 чеченски бунтовници изутрината загинаа во престрелката до која дошло во близина на чеченската граница кај населбата Галски, соопшти Генералштабот на Русија. Агенциите јавувија дека бил соборен руски хеликоптер во кој се наоѓале двајца членови на екипажот по што руските авиони ја бомбардирале населбата.