Рамала: Израелските сили дозволија доставување намирници за Арафат

Израелските сили кои веќе 4 дена го држат под опсада палестинскиот лидер Јасер Арафат во Рамала дозволија во неговиот штаб да бидат донесени неопходни прехранбени и хигиенски намирници. Со Арафат во неговиот штаб се наоѓаат околу 200 луѓе. Израелската војска по последните самоубиствени напади уништи поголем дел од Аарафатовиот комплекс во Рамала.