Лондон: Британија го намалува бројот на трупите на Косово и во БИХ

Британија планира да го намали бројот на трупите во Босна и Херцеговина и на Косово за 2000 војници. Редуцирањето на трупите што треба да започне напролет, според британскиот министер за одбрана Џек Строу, е поврзано со подобрувањето на безбедносните услови на Балканот.