Вашингтон: Буш до конгресот ќе испрати резолуција за дозвола за напад на Ирак

Американскиот претседател Џорџ Буш, како што се очекува, во текот на денов до Конгресот ќе испрати нацрт-резолуција со која конгресот му дава дозвола на Буш да преземе акција против Ирак. Претседателот Буш изјави дека лидерите на Конгресот побарале да се гласа за ваквата резолуција пред конгресните избори во Америка закажани за петти ноември годинава.