Австралија: ОН да заземат став во однос на Ирак без одложување

Обединетите Нации требаат без одложување да заземат став во однос на Ирак бидејќи кредибилитетот на Светската Заедница е во прашање. Ова го изјави шефот на австралиската дипломатија Александар Донер. Тој рече дека очекува Советот за Безбедност да усвои резолуција во која ќе се осуди одбивањето на Ирак да дозволи враќање на инспекторите за оружје.