Во Шведска денеска се одржуваат општи избори. Речиси 40 насто од гласачите веќе гласаа по пошта, така што на изборите се очекува да излезат 10 до 15 насто од 6-те милиони и 700 илјади гласачи. Истражувањето на јавното мислење укажува на тесна победа на левицата што ја предводат социјалдемократите на премиерот Јоран Петерсон.