Пакистан: Уапсена клучната личност за нападите на САД

Во Пакистан е уапсена клучната личност поврзана со организирањето на терористичките напади на 11-ти септември, соопштија американските власти. Станува збор за извесен Рамзи Биналшиб за кого се претпоставува дека е оперативец на Ал-Каеда што бил задолжен за логистичка подршка на терористичките напади. Истовремено во Њујорк американската полиција уапсила 5- мина јеменци поради сомневање дека станува збор за терористичка група. Детаљи за уапсените не се соопштени.