Индија: 105 загинати во железничката несреќа

Билансот на загинатите во железничката несреќа што во понеделникот се случи во Индија се искачи на 105 луѓе. Возот што сообраќал на релација Калкута – Њу Делхи излезе од шините и неколку вагони се урнаа во река. Причина за несреќата сеуште не е утврдена.