Индија: Стотина загинати во железничка несреќа

Се стравува дека стотина луѓе загинале во железничката несреќа во источна Индија кога еден патнички воз излетал од шини додека минувал преку мост. Истрагата за причината за несреќата е во тек, а според некои полициски извори постојат сомневања дека станува збор за саботажа зад која стојат маоистичките бунтовници.