САД: Од продажба на дрога се финансираат фондовите на терористичките групи

Дел од парите од продажба на дрога во Соединетите Држави одат во фондовите на терористичките групи на блискиот исток – изјави шефот на американската служба за борба против дрогата Аса Хатчинсон повикувајќи се на резултатите од последната истрага. Ова е првпат да се утврди директна врска меѓу продажбата на дрога и финансирање на тероризмот – додаде Хатчинсон.