Њујорк Тајмс: Американските сили во потрага по Бин Ладен

Американските сили во Авганистан се во потрага по Осама Бин Ладен во близина на границата со Пакистан, пишува денеска Њујорк Тајмс. Весникот, повикувајќи се на анонимни американски извори, пишува дека потрагата се спроведува поради сомневањата дека бин Ладен и неговиот помошник се сеуште живи и се кријат во планинската област во Авганистан.