Азербејџан: Усвоени уставни промени на референдум

Властите во Азербејџан соопштија дека предлогот за уставни промени е усвоен на референдумот одржан вчера во таа земја. Од излезените 80 насто од гласачкото тело за промените се изјасниле 97 насто гласачи, соопшти изборната комисија. Истовремено опозицијата во Азербејџан тврди дека рефередумот со кој председателот Алиев ќе има право власта да ја предаде на својот син, е лажиран.