Чешка: Највисок степен хемиска опасност во Нератовице

Во чешкиот град Нератовице властите прогласија највисок степен хемиска опасност поради истекувањето отровен хлор од поплавената хемиска фабрика во градот. На жителите на Нератовице им е наредено да останат во своите домови и да бидат подготвени за евакуација. Сеуште е неизвесно дали концентрацијата на хлор што истекла од фабриката е опасна по живот. Чешката полиција истовремено врши истрага за да се утврди дали раководството на фабриката навреме ги тргнале отровните хемиски супстанци на безбедно место.